Дома Македонски спорт Мак фудбал Црвено-црните старо-нови шампиони: Вардар ја одбрани домашната титула

Црвено-црните старо-нови шампиони: Вардар ја одбрани домашната титула

Вардар ја одбрани шампионската титула во домашното фудбалско првенство, откако на четири кола до крајот на сезоната има недостижни 13 бода повеќе од Шкендија.

Старо-новиот првак во меч од 32 коло ја декласира Македонија Ѓ.П. со 6:0. Блажевски беше двоен стрелец за тимот на Гоце Седлоски. Вардарвиот напаѓач погоди во петтата минута од белата точка  во 53. од игра, мрежата на фенерџијата на табелата ја тресеа уште Бобан Николов во 16 минута, Дамир Којашевиќ во 32., Тигран Барсегјан во 64. и Џонатан Балотели во 71.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Очекувани три бода на домашен терен запиша и составот на Томас Брдариќ. Тетовци со 3:0 ја поразија Брегалница што остануваат без тежина во трката за титулата со оглед на исходот на „Телеком арена“ во Скопје. Бесарт Ибраими во 19 минута, Бсарт Абдурахими во 58. и Марјан Радески во 72. реализираа за старо-новиот вицешампион.

Работнички доби уште една важна битка за европско лето. Дебармааалци во Кратово го совлада Силекс со 2:0 и останаа на плус четири од Пелистер во борбата за третата позиција. Филип Ивановски во 45 минута и Иван Вуковиќ во третата минута од судиското продолжение „стрелаа“ за тимот од Градски парк. Битолчани, пак, со 3:о славеа во натпреварот со Ренова. Фернандо Силва во 42 минута го начна прволигашот од Џепчиште, го доврши Баже Илијоски со головите во 45 минута и во 80.

Победа успеа со пресврт до големи три бода на Чаир (2:1) во дуелот со Шкупи. Мбела обезбеди водство за домашните во петтата минута, Гешоски во 40. израмни на 1:1, а Цветаноски во 58. го сврте резултатот во корист на гостите кои остануваат во игра за избегнување на плеј-аут разигрување и обезбедување на директен опстанок во прволигашката конкуренција.

Прва лига, 32 коло

Вардар – Македонија Ѓ.П. 6:0

Шкендија – Брегалница 3:0

Силекс – Работнички 0:2

Пелистер – Ренова 3:0

Шкупи – Победа 1:2

Табела: Вардар 75, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија Ѓ.П. 19.

Идно коло (14 мај): Работнички – Вардар, Македонија Ѓ.П. – Шкендија, Пелистер – Шкупи, Ренова – Силекс, Брегалница – Победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…