Дома Актуелно Циндриќ е МВП на завршниот турнир, во најдобриот тим се најдоа уште и тројца играчи од Вардар

Циндриќ е МВП на завршниот турнир, во најдобриот тим се најдоа уште и тројца играчи од Вардар

0

Вардар по четврти пат успеа да ја освои СЕХА-Лигата, откако вечерва во големото финале ја победи екипата на ППД Загреб. Како и што му доликува на еден финален меч видовме возбудлив и пред се квалитетен натпревар. Загреб пружи силен отпор и во најголем дел од дуелот беше рамноправен противник, но сепак црвено-црните покажаа дека се поквалитетни и заслужено го одбранија трофејот. На завршната церемонија покрај доделување на медалите, се направи избор и на идеалниот тим на завршниот турнир. За МВП  е прогласен Лука Циндриќ, кој е и најдобар среден бек, додека место во најдобрата седморка имаше уште и за Арпад Штербик, Тимур Дибиров и Илија Абутовиќ:

Вака изгледа најдобриот тим во СЕХА-лигата за сезоната 2017/18:

Голман- Арпад Штербик ( Вардар)

Лев бек – Домагој Павловиќ ( ППД Загреб)


Следете го Sportski.mk и на


Лево крило – Тимур Дибиров ( Вардар)

Десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)

Пикер- Вјачеслау Шумак ( Брест Мешков)

Десен бек – Жига Млакар ( Целје П.Л)

Дефанзивец – Илија Абутовиќ ( Вардар)

МВП на турнирот: Лука Циндриќ ( Вардар)

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Сергеј Самсоненко не „мрда“ од Вардар најмалку до 2020 година!

Вечерва пристигнуваат фантастични вести за навивачите Вардар. Во последниот период постоеа…