Меѓународниот фудбалски институт ЦИЕС го објави рангирањето на најдобрите играчи од средниот ред од најдобрите 18 европски лиги, заедно со Бразил и Мексико, според критериумот за успешно држење на топката под притисок.
Се смета дека играчот е под притисок кога ја поседува топката, а барем еден противнички играч во негова близина се обидува да ја освои топката или да ги ограничи неговите можности да игра со топката.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Според овој критериум, најдобар играч во Премиер лигата е хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ со 89,4 отсто успех во најинтензивната лига во светот во дресот на Манчестер Сити, објави ХНС.
Рангирањето меѓу сите опфатени лиги го предводи Џошуа Кимих од Баерн со 95,8 отсто успешност, следен од Самуел Ричи од Торино (92,5 отсто) и Рафаел Кариока од Тигрес (92,2 отсто).