Денес беа извлечени паровите за осминафиналето во Лигата на шампионите во кои секако најголемо внимание привлекува натпреварот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.
Секако покрај овој дуел интересни ќе бидат и натпреварите помеѓу Јувентус и Тотенхем, Челзи и Барселона, Севиља – Манчестер Јунајтед….
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е што најинтересниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе се одигра токму на 14 февруари, на „Денот на вљубените“.
Во продолжение ви го претставуваме целосниот распоред:
13 февруари и 7 март
Јувентус – Тотенхем
Базел – Манчестер Сити
14 февруари и 6 март
Порто – Ливерпул
Реал Мадрид – ПСЖ
20 февруари и 14 март
Челзи – Барселона
Баерн Минхен – Бешикташ
21 февруари и 13 март
Севиља – Манчестер Јунајтед
Шахтјор – Рома.