Фабијан Хурцелер ја освои наградата за менаџер на месецот во Премиер лигата на самиот почеток на кариерата во Англија.
31-годишниот Германец го предводеше Брајтон до две победи и едно реми во првите три натпревари на „галебите“ против Евертон, Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Со тоа, Хурцелер стана најмладиот добитник на наградата во историјата на Премиер лигата.
Хурцелер меѓу другото го повтори и успехот на Анге Постекоглу од минатата година, кога менаџерот на Тотенхем исто така беше прогласен за менаџер на месецот уште во првиот избор во текот на сезоната.
First month in the Premier League. First @BarclaysFooty Manager of the Month award 🏅
— Premier League (@premierleague) September 13, 2024
Congratulations, Fabian Hurzeler! #PLAwards | @OfficialBHAFC pic.twitter.com/LfPqv3v8Sl