Селекциите на Хрватска и Црна Гора одиграа натпревар во Сплит, а на овој меч домаќинот на Европското првенство имаше тешка задача за да стигне до победата.Натпреварот го водеа македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Конечните 25:22 беа во корист на Хрватите, но тие имаа тешка задача за да се изборат за победа против селекцијата на Црна Гора. Мораа во текот на сите 60 минути да притискаат за да стигнат до победа, па на крајот да се радуваат.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Хрватска ја одржуваше предноста од 2-3 гола и во второто полувреме.Васко Шеваљевиќ со шест гола беше најефикасен во составот на Црна Гора. Мануел Штрлек со пет погодоци го предводеше нападот на Хрватска.
Црна Гора е наш втор противник на ЕП во Загреб на 15 Јанаури