Дома Фудбал Репрезентации Хрватска изгуби млад талент: Ги одби за да игра за Канада

Хрватска изгуби млад талент: Ги одби за да игра за Канада

Фудбалерот на Хајдук, Нико Кристиан Сигур одлучи да го промени спортскиот пасош и во иднина нема да може да игра за Хрватска.

Сигур одлучи да гради кариера во репрезентацијата на Канада. Беше дел од младинските селекции на Хрватска, меѓутоа кога ја доби понудата од Канада се одлучи да ја прифати.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ми беше чест што можев да ја претставувам Хрватска која е велесила во светскиот фудбал. Сепак со текот на времето почувствував потреба да ја претставувам земјата каде што пораснав и каде што ја започнав кариерата“, изјави Сигур.

Дресот на репрезентацијата на Хрватска до 21 година торј го носеше на девет натпревари во изминатите 13 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал одби изненадувачка понуда од Реал за трампа

Управата на Арсенал веднаш ја одбила можноста да го размени Вилијам Салиба за крилниот игр…