
Една девојка на Инстаграм сподели трогателна и тажна животна приказна на главниот лик. Откако дозна за кого се работи, беше шокирана и реши тоа да го сподели со целиот свет на оваа социјална мрежа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
“Секојдневно по работа му давам храна на човекот кој постојано седи на станицата. Обично само му ја предавам храната, си посакуваме добар ден и продолжувам дома, но денеска беше различно. Разговарав со него, тој ме погледна и ми рече: ‘Ти ми даваш храна секој ден, ако знаеше кој сум, ќе беше изненадена’. Бев застаната од изненадување кога го гуглав кој е, бев шокирана. Тој е познат фудбалер”, напиша таа во описот.
Станува збор за Пол Џејмс. Има 62 години и е поранешен фудбалски репрезентативец на Канада, за која одигра 46 натпревари, меѓу кои учествуваше и на Олимписките игри во 1984 година и Светското првенство во 1986.
Подоцна беше селектор на младинската репрезентација У-20 на Канада, го водеше и неколку клубови, но за жал, неговиот живот ја загуби правата насока и тргна на тажен пат.
“Ме погоди колку малите дела на добрина можат наистина да значат. Животот може да се промени во еден миг, а малку грижа многу значи”, напиша девојката.