Дома Фудбал Репрезентации Хрватот Славен Билиќ ќе ја води Украина во Скопје?

Хрватот Славен Билиќ ќе ја води Украина во Скопје?

Славен Билиќ би можел да биде новиот селектор на украинската репрезентација.

Оваа информација ја објави еден од најпознатите новинари за трансфери, Фабрицио Романо кој тврди дека Билиќ е доста ценет во Украинската фудбалска федерација.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Доколку наскоро дојде до промена на селекторската функција на Украина на која моментно е Руслан Ротан, главните луѓе на федерацијата би можеле да преговаат за нов кормилар.

Украинците ги стартуваа квалификациите за Европското првенство 2024 со пораз од Англија на гости (2:0), а се наоѓаат во група со Италија, Македонија и Малта.

Токму македонската А селекција е следниот ривал на Украина во квалификациите на 16 јуни во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Последниот ангажман Билиќ го имаше во редовите на Вотфорд од каде што доби отказ пред неколку недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, С…