Според информациите на каталонските медиуми Барселона е блиску до ангажман на фудбалерот кој блеска на Европското првенство, Нико Вилијамс.
Вилијамс е голема желба на Барселона и директоеот Деко напорно работи на реализација на трансферот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навидно Барселона веќе одржала состанок со агентит на фудбалерот, Феликс Таинта и тој состанок поминал прилично добро.
Сега клубот од Камп Ноу ќе треба да најде начин како да ја aктивира неговата откупна клаузула, откако Атлетик Билбао порача дека нема да прифати трансфер на рати.
Но исто така се наведува дека Нико Вилијамс поставил рок до кога треба да се комплетира трансферот, и Барселона најдоцна до првата недела во август.