Дома Фудбал Лига на шампиони Хејнкес: Реал не смее да се отпише, ќе го елиминира ПСЖ

Хејнкес: Реал не смее да се отпише, ќе го елиминира ПСЖ

Тренерот на Баерн Минхен и некогашен предводник на „кралевите“, Јуп Хејнкес верува дека Реал Мадрид може да го елиминира ПСЖ во Лигата на шампиони.

Реал Мадрид оваа сезона игра катастрофално во Примера, па поради тоа според експертите ПСЖ е фаворит во осминафиналниот дуел од ЛШ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Тоа што Реал игра послабо во лигата е сосема нормално, му заминаа неколку важни фудбалери како Мората и Хамес, а притоа не донесоа некое големо засилување. Меѓутоа, Реал никогаш не смеете да го отпишувате во Лигата на шампиони. Имаат поголемо искуство отколку ПСЖ и верувам дека ќе поминат во следната фаза. Јас кога бев тренер на Реал бевме на четврто место во лигата, а ја освоивме ЛШ“, изјави Хејнкес.

Хејнкес ја освои Лигата на шампиони со Реал Мадрид во 1998 година, а потоа истиот успех го повтори и со Баерн Минхен во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…