Eдна јапонска атлетичарка стана херој на нацијата поради неверојатен гест во текот на маратонска штафетна трка која се одржа во Фукока.
Јапонката непосредна пред целта заработи скршеница на ногата, но тоа не ја запре и лазејќи на коленици ги помина последните 200 метри, за на својата тимска колешка да и ја предаде штафетата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа целиот нејзин напор, во спортска смисла беше залуден бидејќи нејзиниот тим беше дисквалификуван, затоа што таа својот дел не го помина со трчање.
Маратонската трка во Фукуока се одржува така што делницата од 42 километри беше поделена на шест делови.
https://youtu.be/MjrdnhwYUO4