Дома Фудбал Репрезентации Хернандез им се понудил на Италија и Шпанија: Ако добијам повик ќе го прифатам

Хернандез им се понудил на Италија и Шпанија: Ако добијам повик ќе го прифатам

Teo Хернандез игра одлично во Милан каде што пристигна од Реал Мадрид.

Доказ за добрата форма е што Хернандез се најде и во тимот на минатата сезона, а веќе подолг период чека на повик да заигра за репрезентацијата на Франција.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Сега левиот бек нагласи дека сака да игра за својата родна земја, но повик од Дешамп се уште не добил затоа тој е спремен да игра и за друга репрезентација.

„Репрезентацијата? Добив предлог од мојот агент да разговараме со Италија и Шпанија. Предолго чекам повик од Франција, а верувам дека го заслужив од поодамна, но проценката на Дешамп е поинаква. Ако добијам повик од Италија или Шпанија со задоволство ќе го прифатам“, изјави отворено Хернандез.

Хернандез зад себе има настапи во младинските категории на Франција, меѓутоа се уште е без повик кај сениорите. Не би било ништо aко двете селекции реагираат по ова интервју на Хернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Холандија рутински против Романија🎥

Холандија со 3-0 ја совлада Романија и се пласираше помеѓу осумте најдобри на Европското п…