Дома Фудбал Германија Хенес за иднината на Левандовски: Едноставно е – има договор со нас!

Хенес за иднината на Левандовски: Едноставно е – има договор со нас!

Роберт Левандовски долги години е прв напаѓач на Баерн Минхен, но и нивни најконстатен играч.

Полјакот е важен дел од успесите и освојувањето на титули во изминатите години. Сегашниот договор на Левандовски со Баерн истекува во 2023 година и во овој момент се преговара за продолжување на соработка, засега работите не одат така лесно.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Левандовски во претходниот период се поврзуваше со Барселона, сепак во клубот се убедени дека тој ќе остане во Минхен и во наредната сезона. Во таква насока е и изјавата на почесниот претседател на клубот Ули Хенес.

„100% сум сигурен дека Левандовски ќе игра за Баерн и во наредната сезона. Тој има договор со нас и тоа е толку едноставно“, изјави Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…