Дома Фото Хауард најави крај на голманската кариера

Хауард најави крај на голманската кариера

Легендарниот американски голман рим Хауард објави дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.

Тој се огласи преку социјалните мрежи и на следбениците им откри дека оваа сезона за него ќе биде последна во професионалната кариера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Многу се радувам на почетокот на новата сезона во МЛС, таа ќе биде моја последна во кариерата. Сега сакам да уживам во секоја минута.“ – помеѓу другото напиша Хауард.

Инаку, тој денеска е член на Колорадо Рапидс, а на пошироката јавност е познат бидејќи своевремено бранеше за Манчестер Јунајтед и Евертон. Во редовите на Црвените ѓаволи помина три, а кај Карамелите десет сезони. За репрезентацијата на САД запиша 121 натпревар.

Во текот на кариерата го освои ФА Купот, Суперкупот на Англија и два пати Голд Купот со репрезентацијата на САД. Два пати е прогласен за најдобар играч на САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Роналдо: Нема да се пензионирам додека не постигнам 1000 голови

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, вели дека нема да ја заврши својата играчка …