Дома Останати Кошарка Харден за историја – Го потпиша најскапото продолжување на договор во ИСТОРИЈАТА!

Харден за историја – Го потпиша најскапото продолжување на договор во ИСТОРИЈАТА!

Кошаркарот на Хјустон го потпиша најголемото продолжување на договорот во историјата на кошаркарата.

Џејмс Харден останува во Хјустон откако со тој клуб договори продолжување на соработката до летото 2023 година и ќе заработи вкупно 228.000.000 долари.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, сегашниот договор на Харден со Хјустон истекуваше за две години, а неговата вредност е 58.000.000 долари. Значи го продолжи за уште четири години со загарантирана заработка од 170.000.000 долари, што најбогато продолжување договор во историјата на НБА лигата.

Според тој договор кој ќе важи до 2019 година, Харден ќе има годишна заработка од 42.500.000.

Со оглед на тоа што Харден веќе осум сезони настапува во НБА, имаше право да потпише договор според правилото кое се нарекува „Designated Veteran player extension“, односно најголем можен договор во склоп со заеднички договор во НБА.

Иначе, статисички гледано минатата сезона во досегашната кариера беше најдобра на Харден, тој имаше просек од 29.1 поен, 11.2 асистенции и 8.1 скокови по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво забивање не се гледа често: Гордон со поен го засени потегот на Јокиќ (Видео)

Арон Гордон ќе остане запаметен како еден од момците на кои закуцувањето им беше омилен де…