Дома Видео Хаос во Париз: Холанѓанецот го нокаутираше противникот, па доби ќотек од навивачите (видео)

Хаос во Париз: Холанѓанецот го нокаутираше противникот, па доби ќотек од навивачите (видео)

Кик-бокс турнирот во Париз, кој се одржа во саботата вечерта, заврши со хаотични сцени за време на борбата помеѓу Муртел Гроенхарт од Холандија и Харут Григориан од Ерменија.

Инцидентот се случи во втората рунда од борбата. Григориан прими неколку удари, а потоа од некоја причина ги спушти рацете и му сврте грб на противникот. На тоа Гроенхарт не запре, туку го удри од зад грб и го собори на подот.


Тоа беше доволен сигнал за навивачите на Ерменецот да влезат во рингот и физички да се пресметаат со холандскиот боксер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…