Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека поголем дел од животот се борел со менталното здравје, а за тоа го обвинува притисокот во автомобилските трки и малтретирањето кое го трпел додека одел на училиште.
И покрај големите успеси во Формула 1, Хамилтон за „Сандеј Тајмс“ зборуваше дека имал некои навистина тешки фази од животот, а со депресија се соочувал во деството.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Имав депресија од многу рана возраст. Кога имав отприлика 13 години, мислам дека тоа беше притисокот од тркањето, школските тепачки и злоставувањето. Немав со кого да разговарам“, изјави Хамилтон.
Неговиот живот како што вели тој се променил по пандемијата со коронавирусот во 2020 година. По „барањето себеси“ започнал да се буди во пет часот наутро за да медитира пред да оди на трчање.
„И покрај тоа што на почетокот се мачев за да пронајдам мир, новата рутина навистина многу ми помогна да стапам во контакт со самиот себе и да разберам што морам да направам“, изјави британскиот возач во интервјуто.