Дома Топ вести Хамес Родригез: Сакам да играм повеќе!

Хамес Родригез: Сакам да играм повеќе!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез јавно го искажа своето незадоволство од статусот кој го има моментално во „кралскиот“ клуб.

Хамес Родригез минатото лето се поврзуваше со многу клубови, но на крајот се реши да остане во Реал Мадрид и да се бори за првотимски статус.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Сепак, Колумбиецот и оваа сезона добива многу мала минутажа од Зидан, па јавно го искажа своето незадоволство за шпанските медиуми.

„Среќен сум во Мадрид, но сакам да играм повеќе. Но, овде има некој друг што командува и што одлучува кој ќе игра и колку. Морам да го почитувам тоа“, истакна Хамес, кој негира конфликт со Зидан.

„Мојот однос со тренерот не е лош како што пишуваат медиуми. Имам нормален однос со Зидан и ги почитувам неговите одлуки, но сакам да играм повеќе“, додаде Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Њукасл го победи Челзи и ита кон Лигата на шампиони

Њукасл го доби дуелот со Челзи на „Сент Џејмс Парк” со 2-0 и направи чекор напред кон плас…