Дома Фудбал Останато Халанд е чудо: Знаете ли колку килограми мускулна маса покачил за една година?

Халанд е чудо: Знаете ли колку килограми мускулна маса покачил за една година?

Ерлинг Халанд се разви многу во последните две години и денес се смета за еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Норвежанецот од Салзбург минатото зимо се пресели во Борусија Дортмунд и веќе покажа дека е голем талент.

На 13 натпревари постигна дури 12 гола и не е ниту чудо Реал Мадрид го гледа како главна мета во наредниот период, а навивачите на Борусоја со нетрпение го очекуваат секој негов наред натпревар.

Она што Халанд го доведе тука каде што е, освен талентот кој не се доведува во прашање е неговата здрава исхрана. Халанд води грижи за својата физичка спремност, а сега на таа тема зборуваше неговиот тренер Ерес Стенсид.

„Неговото тело реагира фантастично на тренинзите бидејќи генетски е привилегиран. Само во последната година качи 12 килограми мускули што е неверојатно“, изјави Стенсид.

Халанд во еден краток период станал повисок за дури 20 сантиметри и тоа било проблем.

„Поради таквата ситуација моравме да правиме мускули од ништо и тоа навистина беше проблем во неговиот развој“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…