Во следните два дена Келн ќе биде местото каде што ќе бидат свртени погледите на спортската јавност ПСЖ, Барселона, Веспрем и Кил ќе се борат за пехарот во Лигата на шампионите.
Како што е познато фајнл-фор турнирот кој беше одложен ќе се одигра денеси и утре, а Вардар до утре ќе биде шампион точно 574 дена. Вардар втората европска круна ја освои на 2. јуни минатата година, победувајќи ја Барселона во полуфиналето и Веспрем во финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На турнирот во Келн единствен Македонец ќе биде Дејан Манасков кој денес од 20:30 часот со неговиот Веспрем ќе се сретне со Кил, претходно од 18:00 часот ќе играат ПСЖ и Барселона.
ПСЖ од клупата е предводен од Раул Гонзалес кој го предводеше Вардар до првата европска титула, додека на спротивната страна ќе го има сонародникот Чави Пасквал.
Од учесниците Барселона има девет титули во ЛШ, Кил три, додека Веспрем и ПСЖ се уште ја чекаат првата.