Боксерот Тајсон Фјури го следел мечот помеѓу Џошуа и Поветкин, а после завршувањето тој испрати порака до боксерот кој славече на овој меч.
Џошуа најави дека во иднина ќе боксува против Вајт или Вајлдер, но не го спомена Фјури, што за поранешниот светски шампион е доказ дека Џошуа сака да избегне соочување со него во рингот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тимот на Џошуа никогаш нема да боксува против „Кралот на циганите“. Тие најавија дека следниот меч ќе биде против Вајлдер или Вајт, но никој од нив не го спомена Фјури, апсолутниот светски шампион. Денес, Џошуа боксуваше со 39 годишен боксер кој е многу поситен од него“.
„Има силен удар, но сите кои сме во оваа категорија го имаме. Јасно е дека сака да ме избегне по секоја цена. Да бев на твое место и јас ќе го направев истот бидејќи би ти го уништил лицето. Ти не можеш да боксуваш против мене, меч со тебе би бил добар за пред легнување“, гласи пораката на Фјури преку неговиот Инстаграм профил.
https://www.instagram.com/p/BoC2ZlWDLRJ/?utm_source=ig_embed