Дома Фудбал Англија Фудбалер на Њукасл доби забрана за возење од една година и казна од 29.000 фунти

Фудбалер на Њукасл доби забрана за возење од една година и казна од 29.000 фунти

Фудбалерот на Њукасл, Жоелитон денес доби забрана од една година за управување со автомобил затоа што возел под дејство на алкoxoл.

Бразилскиот играч за врска паднал на алко-тестот откако полицијата го запрела во раните утрински часови на 12. јануари во Њукасл.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Судијата Пол Карер му забрани да вози една година со можност казната да се намали на девет месеци ако посетува курс за одвикнување.

Покрај казната 26-годишниот фудбалер мора да плати 29.000 фунти. Судијата казната ја изрече на основа на документот кој покажувал дека Жоелитон неделно заработува 43.000 фунти.

Карер истакна дека е замено во предвид и признанието на Жоелитон додека полицијата го апceла.

„Се доведовте себе си во опасност и тоа можеше да има катастрофални последици по животот на другите. Искрено се надевам дека научивте нешто од оваа грешка и дека нема повторно да ве видиме овој суд“, истакна судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…