Дома Фудбал Италија Фудбалер на Рома на 21 година ја завршува кариерата, „волчицата“ покажа големина

Фудбалер на Рома на 21 година ја завршува кариерата, „волчицата“ покажа големина

Tажни вести ни пристигнуваат од Италија.

Младиот фудбалер на Рома, Нура Абдуалхи кој има само 21 година мора прерано да ја заврши својата кариера. Младиот Нигериец практично ќе го заврши фудбалскиот пат уште пред истиот да започне со оглед на тоа дека се уште нема одиграни сениорски натпревар.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Абдуали ќе мора да се повлече поради проблеми со срцето. Тој ги послуша советите на докторите да престане со професионалното играње фудбал поради можни здравствени проблеми.

Во оваа ситуација Рома покажа големина како клуб. Имено, тимот од италијанската престолнина ќе продолжи да го исплаќа Абдулахи до крајот на истекот на неговиот договор, а тоа е до јуни 2021 година.

Освен тоа Рома по истекот на договорот ќе му понуди работа како скаут за Африка или клупски амбасадор. Навистина голем потег на Рома со кој покажа дека знае да се грижи за своите играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дембеле пропушти животна шанса, друг фудбалер е фаворит за „Златната топка“

Осман Дембеле важеше за главен фаворит за освојување на Златната топка, но по поразот на П…