Дома Луд Спорт Фудбалерот Пабло Мари избоден со нож во супермаркет во Милано

Фудбалерот Пабло Мари избоден со нож во супермаркет во Милано

Италијанските медиуми јавуваат за трагичен настан во супермаркетот „Керфур“ во близина на Милано, избодени со нож се неколку луѓе меѓу кои и фудбалерот на Монца, Пабло Мари. 

Информациите велат дека пет луѓе биле избодени со нож, а три од нив се во сериозна состојба. Еден човек починал, најверојатно тој бил работник на каса.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мари е играч на Арсенал, а сезонава игра како позајмен во Монца. Тој бил со сопругата и синот во моментот кога бил прободен, а од клубот потврдија дека е надвор од животна опасност.

Напаѓачот кој има 46 години, веднаш е фатен и приведен, а станува збор за лице со ментални проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…