Дома Топ вести Фудбалерот кој пред 12 години си замина од Барселона се врати на „Камп Ноу“

Фудбалерот кој пред 12 години си замина од Барселона се врати на „Камп Ноу“

Eкипата на Барселона денес комплетираше уште еден трансфер и во своите редови го вреди Ориол Ромеу.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


31-годишниот фудбалер важи за голем борец на позицијата последен играч за врска, а во Барселона доаѓа како играч кој ќе помогне во ротацијата, не се очекува да има првотимски статус.

Последната сезона, Ромеу ја помина во дресот на Џирона, како дел од договорот за враќање на Ромеу, Барса во овој тим го испрати Пабло Торе.

За Ромеу ова е враќање во клубот каде што ја започна кариерата. Станува збор за фудбалер кој беше дел од младинската школа, а потоа доби шанса во првиот тим на каталонците. На 20-годишна возраст направи трансфер во Челзи вреден пет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…