Во Истанбул ќе гледаме англиско финале, на 29. Мај на „Ататурк“ стадионот ќе се сретнат Манчестер Сити и Челзи.
Пред европското „сините“ ќе имаат уште едно финале, а тоа ќе биде во ФА Купот против Лестер на 15. мај. Доколку Челзи слави во двете финалиња тогаш фудбалерите и стручниот штаб ќе поделат бонус вреден 11 милиони фунти. Веќе заработија пет милиони со тоа што го елиминираа Реал во полуфиналето, дополнителни пет ќе заработат ако слават на Сити во финалето, а еден за победа на „Вембли“ во финалето од ФА Купот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Челзи бонусите ќе бидат поделени подеднакво, додека во Сити ситуацијата е поинаква. Кај „граѓаните“ играчите имаат индивидуални договори со клубот околу бонусите, па така на Де Брујн ќе му припадне цел милион ако Сити победи во финалето.