Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Француското славје се претвори во трагедија

Француското славје се претвори во трагедија

Следуваше големо славје откако Франција вчера ја победи Хрватска со 4:2 во финалето на СП во Русија.

Франција до утринските часови го славеше големиот успех на своите фудбалери, но славјето не помина без грозни сцени.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во силните прослави животот го загубија двајца навивачи на Триколорите. Во градот Анеси 50-годишен навивач починал сред славјето, а во Сен Фелкс почина 30-годишно момче кој со автомобилот излетал и удрил во дрво.

ВО Париз се случиле поголем број на кражби минатата вечер, градот беше под голема опсада од навивачите, а на крајот резултираше со судир меѓу навивачите и полицијата.

Во еден дел на Лион хулиганите искрсиле автомобили и канти за отпадоци, палеа се пред себе, па полицијата имаше полни раце работа.

Кој знае што уште се случило на француските улици во текот на славјето во изминатите дваесет дена, а со оглед на успехот на оваа генерација славјето ќе потрае уште неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Меси ќе го посети Трамп во „Белата куќа“

Американскиот фудбалски клуб Интер Мајами на 5 март ќе ја посети Белата куќа, каде што ќе …