Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски оваа сезона игра одлично во екипата на Абердин и по 14 настапи во шкотската елита веќе има постигнато 10 голови.
Неговите голови привлекоа интерес од францускиот тим Ремс кој го следи секој негов чекор и го гледа како потенцијално засилување за следното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ремс има проблеми со Фоларин Балогун, кој игра на позајмица кај нив и не се знае дали ќе остане, па затоа бараат алтернатива и една од нив е Миовски.
Миовски, според „Трансфермаркт“ вреди околу 700.000 евра, но Абердин дефинитивно ќе бара многу повеќе пари за потписот на македонскиот напаѓач кој летово го ангажираа од МТК за 624.000 евра.