Дома Фудбал Останато Французите се прашуваат: Кој повеќе лаже, Рајола или Балотели

Французите се прашуваат: Кој повеќе лаже, Рајола или Балотели

Голема збрка се подгина околу Марио Балотели, француските медиуми се огорчени, а многумина тврдат дека не се знае кој повеќе лаже, агентот или неговиот клиент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Рајола во Марсеј соопшти дека Балотели е слободен играч, трансферот е договорен, во Ница беа ужаснати, бидејќи Италијанецот има уште една година договор. Кога ривалот им се обрати за информациите за статусот на Балотели, тие ги покажале документите и барале надоместок од 10 милиони.

Марсеј одбил да плати, немаат пари за надомест, платата на Балотели и провизијата на Рајола. Поради тоа Балотели се врати во Ница и тренирал сам, Патрик Виера е среќен што сепак може да смета на него.

А потоа Балотели на клупските пријатели им соопштил да не се надеваат премногу, бидејќи го чека трансфер во ПСЖ. Како што пишува „L`equipe“, никој не му верува, а во Париз се насмеаа на оваа информација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти гарантира: Нејмар веќе е подготвен за 90 минути

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти увери дека Нејмар веќе е во состојба да игра 90 минути…