Ракометарите на Македонија до 21 година пристигнаа во Скопје, по одличниот резултат на Светското првенство во Алжир – освоеното 6 место.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со претставници на Ракометната федерација на Македонија ги пречакаа ракометарите на Аеродромот во Скопје и им честитаа за постигнатиот успех.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Големо е задоволството и кај селекторот, Илија Темелковски, кој со својата стручност и искуство ги предводеше момците кон овој резултат.
Во разговор со ракометарите и во изјава за медиумите, Каевски напомена дека мора да се вреднува овој резултат на ракометарите.
„Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржи дополнително ракометарите, со цел да продолжат со континуираните резултати. Само така ќе покажеме вистинска грижа кон спортот“, изјави Каевски.