Вчера Барселона го победи Наполи со 3:1 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Наполи со резултат 1:1 допатува на „Камп Ноу“ меѓутоа во оваа средба иако имаа шанси сепак мораа да се помират со поразот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Елмас во игра влезе од клупата и од италијанските медиуми доби добра оценка за настапот. Елмас беше оценет со 6.5 што со оглед на тоа дека на теренот помина десетина минути и не е лошо.
По натпреварот ја добивме и фотографијата на денот во која Елмас се поздравува со Меси кој со уште еден неверојатен натпревар го реши победникот.
