Дома Офсајд ФОТО: Икарди ја изненади атрактивната Ванда со скапоцен подарок

ФОТО: Икарди ја изненади атрактивната Ванда со скапоцен подарок

0
wanda icardi

Капитенот на Интер, Мауро Икарди одлучи да ја изненади својата сопруга и воедно агент, Ванда Нара со – скапоцен автомобил.

Ванда и Мауро не кријат дека се лудо вљубени еден во друг, а аргентинскиот напаѓач сега одлучи на својата сопруга да и купи скапоцен автомобил од марката „Бентли“.

Овој автомобил е и тоа како скап со вредност од неколку стотина илјади евра, а Ванда со својот подарок се пофали на својот Инстаграм профил.

„Иако секогаш се обидуваш да се надминеш, ти секогаш ќе бидеш мој најубав подарок“, напиша Ванда покрај фотографијата.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Жешката Лариса Рикелме се врати на трибините

Веројатно сите ја памтат појавата на жешката и провокативна девојка која со мобилниот пикн…