Реал Мадрид на почетокот на овој век е познат како клуб кој често знае да направи „кикс“ кога во прашање се доведувањето на фудбалери.
После ерата на „Галактикосите“ славниот клуб како промашувања означи навистина голем број засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако политиката на Реал Мадрид најмногу се однесува на доведување на веќе докажини фудбалери надвор од границите на Шпанија, сепак знаат да доведат и по некој фудбалер од Ла Лига кој не е ѕвезда.
Страницата „Squawka.com“ го состави според нивнајдобриот тим на Реал со играчи доведени од шпанското првенство.
Во нивниот тим место добија: Кејлор Навас, Езекиел Гарај, Серхио Рамос, Раул Албиол, Гарсија, Иљараменди, Марко Асенсио, Каљехон, Иско, Каналес, Баптиста.
Со оглед дека поголемиот дел од овие играчи не направија некоја завидна кариера после Реал, јасно е дека се работи за промашувања на клубот од Мадрид.
Од друга страна пак најдобриот во тимот секако е денешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој беше доведен од Севиља.