Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо последниве денови се најде во центарот на светското внимание откако на социјалните мрежи се појави фотографија за која зборува цел свет и која натера многумина да се запрашаат дали поранешната ѕвезда на Барселона навистина се појавила во култниот филм Роки.
Американскиот актер Силвестер Сталоне се прослави во улогата на Роки Балбоа, а сигурно сте имале можност барем еднаш да го погледнете филмот за боксер од предградието на Филаделфија кој станува шампион во тешка категорија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сталоне до ден денес му остана верен на ликот на Роки Балбоа, бидејќи има снимено дури осум филмови во кои се појавува во овој легендарен лик.
Сепак, од овој момент на филмот за Роки ќе гледате на сосема поинаков начин, а „главен виновник“ за тоа е легендарниот Роналдињо.
Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од филмот Роки 2, која ги натера сите да се запрашаат дали е можно Роналдињо да се појави на сцената додека Силвестер Сталоне тренира и трча низ улиците на Филаделфија, што беше негов заштитен знак во речиси секое продолжение.
На фотографијата се Роки, но и децата кои го бодреа својот шампион трчајќи и тренирајќи заедно со него. Меѓутоа, кога на фотографијата се виде фигура која неодоливо потсетува на Роналдињо, таа фотографија ги „запали“ социјалните мрежи.
Фотографијата се појави на Твитер пред неколку недели и собра повеќе од 5.000 ретвитања и 24 милиони прегледи, а многумина велат дека тоа е навистина Роналдињо.
Сепак, набрзо стигна објаснување дека тоа не може да биде вистина и дека се работи за монтажа бидејќи една информација била доволна да се демантира дека се работи за Роналдињо.
Имено, легендарниот Бразилец е роден во 1980 година, додека вториот дел од филмот Роки е снимен една година порано.