
Македонската нордиска скијачка Ана Цветановска го имаше својот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, каде што се натпреваруваше во крос-кантри на 10 километри.
Цветановска ја помина патеката со време од 31:32,04 минути, што ѝ донесе 105. место во конкуренција од 108 натпреварувачки. Иако резултатски далеку од водечките, настапот претставува уште едно вредно олимписко искуство за нашата претставничка на најголемата светска спортска сцена.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Златниот медал го освои Швеѓанката Фрида Карлсон, која доминираше со време од 22:49,02 минути и уште еднаш ја потврди својата класа во оваа дисциплина.
Олимписките возбудувања продолжуваат и утре, кога повторно настап ќе има Ставре Јада, кој ќе се натпреварува во истата дисциплина на 10 километри во машка конкуренција.