Дома Фудбал Еден фудбалер на Реал Мадрид е „жртва“: „Останатите го малтретираат, постои група која…“

Еден фудбалер на Реал Мадрид е „жртва“: „Останатите го малтретираат, постои група која…“

Бомбастични обвинувања пристигнуваат против Реал Мадрид! Серхат Пекмезџи, ментор за фудбал на Арда Гулер, тврди дека младиот турски фудбалер доживува малтретирање во соблекувалната на Кралскиот клуб!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Го малтретираат соиграчите. Постои група која не успеала да го прифати Арда. За жал, се работи за играчи со многу големо его”, изјавил во разговор за турскиот „Спортс Дигитале“

Пекмезџи тврди дека Гулер не се жалел директно, но бил свесен за ситуацијата: „Иако Реал Мадрид е огромен клуб, Арда доживува малтретирање. Тој знаеше дека ова ќе се случи. Му кажав да биде трпелив“, додал за медиумите.

Според неговите зборови, и Гулер почнал да ја преиспитува ситуацијата: “Многу е трпелив и свесен за сè, но сепак почнал да размислува: ‘Зошто секогаш јас?'”

Пекмезџи отишол и чекор понатаму, сугерирајќи дека атмосферата во соблекувалната влијае и на тренерските одлуки: „Клоп веќе кажал дека некои играчи мораат да си заминат за да тој дојде. Затоа и Чаби Алонсо си заминал”, тврди тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откако ја понижи БиХ следеше целосен пресврт: Американската водителка повторно се јави со порака

Абигејл Велез призна дека отишла предалеку во најавата за натпреварот САД – Босна и …