Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор, кој беше поразен од Флојд Мејведер во најскапиот бокс меч на сите времиња ќе мора да паузира два месеци.
Мекгрегор го предизвика Мејведер да се врати од пензија, овие двајца излегоа во рингот во Лас Венгас, Ирецот беше поразен после 10 рунди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конор се држеше подобро од она што се очекуваше, му зададе дури 111 удари на Флојд, но тие не беа доволни за да се сруши големиот Флојд Мејведер.
Од друга страна поради силните удари кои Конор ги доби од Мејведер, лекарите го суспендираа Ирецот на два месеци. Мекгрегор доби „медицинска суспензија“ и не ќе може да се бори се до 26 октомври.
Исто така препорачано му било до 11 октомври да избегнува било каков физички контакт.