Дома Фудбал Останато Фијаско на екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед: Французите го оценија со – „единица“!

Фијаско на екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед: Французите го оценија со – „единица“!

Фудбалерите на Олимпик Марсеј синоќа убедливо загубија од Пари Сен Жермен со 0:3 на „Велодром“ во големото дерби на Франција.

Иако очекувањата беа многу поголеми, ПСЖ рутински го реши натпреварот во своја корист по грешките на фудбалерите на Олимпик, чии навивачи веќе пред првото полувреме почнаа да го напуштаат „Велодром“ бидејќи беше јасно дека нивниот тим нема што да бара во овој дуел.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најпрво дојде лошата реакција на голманот Херонимо Руљи кога гостите го постигнаа водечкиот гол. Потоа, раниот црвен картон на Амин Арита, а потоа и неверојатен автогол на капитенот Лео Балерди. Олимпик буквално се распадна во првото полувреме, а еден од најлошите играчи на теренот беше Мејсон Гринвуд.

Постигна Гринвуд пет гола во првите три кола од првенството и ја истакна својата кандидатура за еден од најдобрите играчи сезонава, но вчера не му одеше ништо.

Од реномираниот „Л’Екип“ за неговиот настап беше оценет со „единица“ од можна „десетка“. Додека беше на теренот тој не успеа да погоди ниту едно додавање, немаше успешен дриблинг, продор – ништо!

Навивачите му замеруваат и на Роберто Де Зерби затоа што не го замени порано, иако Гринвуд на теренот го помина само првото полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преговорите во напредна фаза, Мусијала става потпис

Баерн Минхен и  Џамил Мусијала се во напредни преговори за продолжување на договорот и мла…