Дома Фудбал Останато ФИФА ќе ги израдува голгетерите – се подготвува револуција во правилото за офсајд

ФИФА ќе ги израдува голгетерите – се подготвува револуција во правилото за офсајд

Според најавите фудбалската федерација ФИФА започнува со тестирање на ново правило околу офсајдот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првите лица на светската фудбалска федерација сакаат да направат голема револуција со напаѓачите кои ќе бидат во предност. Фановите ширум светот, но и самите играчи сигурно ги нервира поништениот гол за некој милиметар. Само сезонава имавме неколку ситуации во кои видовме поништени голови поради офсајд кој нема влијание на играта.

ФИФА со новото правило би дала предност на голгетерите и подготвува правило за да покаже офсајд само ако напаѓачот е со цело тело зад последниот противнички играч. Тестирањето би требало да започне на одредени натпревари во помалку важни натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси повторно во акција: Алонсо по полноќ договори две големи засилувања

Шаби Алонсо ќе добие уште две засилувања кои ги сака откако се договори сè со играчите. Ка…