Дома Фудбал Останато ФИФА ја одби тужбата на Нејмар – сега Барселона сака да „удри по џебот“ на Бразилецот

ФИФА ја одби тужбата на Нејмар – сега Барселона сака да „удри по џебот“ на Бразилецот

neymar bartomeu

Минатото лето светот го проследи најскапиот трансфер во историјата, Нејмар за сума од 222 милиони евра ја замени Барселона со Пари Сен Жермен.

Но, истиот овој трансфер подоцна прерасна во вистинска сапуница исполнета со голем број контроверзии. Прво, неодамна Нејмар потврди дека своите закани ги преточил во дела и ја известил ФИФА за сумата од 40 милиони евра која смета дека треба да му биде исплатена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Да потсетиме, Нејмар оваа сума ја бара поради клазулата за лојалност која стоеше во неговиот договор, односно дека ќе остане член на Барселона до крајот јули 2017 година. Нејмар својот трансфер го реализираше неколку дена по истекот на оваа клазула.

Поради тоа од Барселона ова го сметаа за измама и одбија да му ја исплатат споменатата сума и потенцираа дека тие не му должат ниту евро на Нејмар, а денес истиот одговор Бразилецот го доби и од ФИФА. Барселона сега се заканува со тужба и бараат да им се вратат 75 милиони евра бидејќи сметаат дека Нејмар го прекршил договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…