Фиорентина и дефинитивно остана без тренер.
Овој 53 годишен стратег пристигна во Фиорентина во јуни 2017 година кога потпиша двегодишен договор, а малку му недостасуваше да го дочека крајот на договорот бидејќи му остануваше два месеци до истиот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пиоли истакна разочарување што неговите способности се доведени во прашање.
„Секогаш гарантирав професионализам, почит и посветеност. Гледам дека сум избркан од клубот, мислам дека моите професионални и пред човечки квалитети се доведени во прашање“, изјави Пиоли.
Минатата година Фиорентина заврши на осмата позицја на табелата, а во овој момент минуваат низ криза и победија само на еден од последните 11 натпревари.
Сепак, Пиоли успеа да го доведе овој тим до полуфиналето на купот.