Дома Македонски спорт Мак баскет ФИБА: Големата победа на Македонија најголемо изненадување во квалификациите

ФИБА: Големата победа на Македонија најголемо изненадување во квалификациите

Победата на Македонија на гостински терен против Полска (96:71), сеуште е во центарот на вниманието на европската кошаркарска јавност.

И тоа од повеќе причини, кои ги наведува и официјалниот сајт на Светската кошаркарска федерација…
Македонија излезе како победник во дуелот на две селекции кои ги направиле и најголемите изненадувања во последните неколку Европски првенства.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонија која беше полуфиналист во 2011 година, ја победи Полска, која обезбеди место во првата „четворка“ на последниот Евробаскет во 2023 година.

Освен тоа, Македонија беше подобра од репрезентација која е далеку понапред во последното рангирање на ФИБА. Односно, селекција која во моментов е поставена на 59.позиција во светскиот ранкинг ја совлада 15 пласираната. И тоа е најголемата „разлика“ која ја направила една национална селекција на почетокот на новиот квалификациски циклус за пласман на завршниот турнир – Европското првенство во 2025 година.

Ефектот на Ненад Димитријевиќ (32.поени, 8.скока и 8.асистенции) и неговите сограчи потврди дека тие 44. места и не се некој реален показател на моменталните квалитети, не само на овие две селекции, туку и повеќе.

Ова изненадување е само едно од неколкуте кои ги „потврди“ и ФИБА по завршувањето на првиот квалификациски „прозорец“, оној февруарскиот.

Потенцирани се и победите на Бугарија против актуелниот светски шампион, Германија (67:62), па онаа на Белгија, против репрезентацијата на Шпанија (58:53), изненадување и е победата на Данска, против Грузија (76:69), и секако, триумфот на Естонија, на свој терен против Литванија (65:59).   

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонскиот дрес еден од најубавите во историјата на ЕП

Познатиот фудбалски магазин „Фор Фор Ту“, објави листа од топ 10 дресови на Европските прв…