Фудбалерот на Манчестер Сити, Фернандињо одби да го носи дресот на бразилската репрезентација поради закани кои му беа упатени кон него и неговото семејство.
На крајот на Светкото првенство, Фернандињо наводно добил закани, па на семејството му ветил дека повеќе нема да настапува за националниот тим.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„По разговорот со него, ми беше јасно дека во тимот имам несреќен играч. Јавноста беше многу груба кон него, а семејството му добиваше закани. Поради тоа не е подготвен да се врати. Се надевам дека еден ден ќе биде поинаку“, откри селекторот Тите.
Фернандињо од 2013. година е во Манчестер Сити и на 181 натпревар постигна 18 погодоци, додека во дресот на Бразил на 49 дуели постигна два погодоци.