Дома Фудбал Останато Фергусон открива: Сакал да го доведе Малдини во Манчестер Јунајтед – добил јасен одговор! (ВИДЕО)

Фергусон открива: Сакал да го доведе Малдини во Манчестер Јунајтед – добил јасен одговор! (ВИДЕО)

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон откри приказна за тоа како се обидувал да го доведе легендарниот Паоло Малдини.

Манчестер Јунајтед како и поголем број клубови во еден момент бил заинтересиран да го доведе во своите редови еден од најдобрите стопери на сите времиња, Италијанецот Малдини.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Малдини настапуваше за Милан, а Фергусон бил во контакт со управата на „росонерите“. Меѓутоа преговорите ги прекинал таткото на Малдини, Чезаре.

Постариот Малдини на Фергусон јасно му порачал дека неговиот син не е на продажба.

„Мојот дедо е Милан, мојот татко е Милан, јас сум Милан и мојот син е Милан. Заборави“, јасен бил тогаш Чезаре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште едно изненадување од Милан, со Модриќ доаѓа и неговиот соиграч

Лука Модриќ е пред потпис со Милан и сè би требало да биде официјално наредната седмица, а…