Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс доби два меча суспензија за црвениот картон што го доби на натпреварот против Атлетик Билбао.




Ѕвездата на Атлетико помина добро со оглед на фактот што му се закануваше казна и до 12 меча суспензија.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Феликс доби два жолти картони против Атлетик за помалку од една минута, првиот поради остар старт, а вториот затоа што му кажа на судијата Гил Манзан дека е „луд“.




Феликс ќе паузира еден меч поради вториот жолт картон, и уште еден поради неспортско однесување.