Дома Фудбал Останато Фекир е разочаран што не игра за Ливерпул!

Фекир е разочаран што не игра за Ливерпул!

Тренерот на Лион, Бруно Генезио, призна дека неговиот најдобар фудбалер Набил Фекир е разочаран затоа што му пропадна трансферот во Ливерпул.

Фекир пред почетокот на Мундијалот во Русија беше на чекор до Ливерпул, но на крајот трансферот пропадна бидејќи „црвените“ во последен момент сакаа да ја намалат цената.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Никогаш не е лесно да се прифати ваков развој на ситуацијата, кога сте блиску до клуб во кој сакате да се преселите. Сакате да постигнете ново ниво во кариерата, но можеше да биде и полошо за него. Тој е во Лион, во добар клуб и е капитен на екипа која ќе игра во Лигата на шампиони“, изјави Генезио.

Интерес за Фекир покажа и Челзи, но „сините“ не успеаа да се договорат со Лион во финишот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ќе „гори“ во Мадрид: Судиска одлука која ептен ќе ги налути „кралевите“ (Видео)

Реал Мадрид синоќа одигра натпревар против Селта во Виго, а сцената од 72. минута ќе ги ра…