Дома Останати Тенис Федерер: Доста со тие глупости, ако ми кажат ќе играм и во четири часот наутро

Федерер: Доста со тие глупости, ако ми кажат ќе играм и во четири часот наутро

Роџер Федерер се избори за пласман во четвртото коло на УС Опен откако без поголеми проблеми го совлада Дин Еванс со 6:2, 6:2 и 6:1.

Еден од новинарите го праша Федерер дали тој побарал да игра во дневен теремин, а Швајцарецот даде интересен одговор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не сум барал такво нешто, ниту сега ниту пак било кога. Не знам дали побарал некој од мојот тим, но јас сигурно не. Секако дека не прашуваат како сакаме меѓутоа тоа не значи дека што јас ќе посакам тоа ќе добијам. Многу пати сум слушнал за таквите глупости и доста ми е, уморен сум. Турнирите и телевизиските програми можат да бараат такво нешто, ние сме тука да играме. Ако ми кажат ќе излезам и во четири часот наутро да играм“, порача Федерер.

Во осминафиналето тој ќе се сретне со подобриот од мечот Карен Буста и Гофан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …