Австрискиот тенисер, Доминик Тим славеше со 2-0 против Рафаел Надал на завршниот Мастерс турнир во Лондон.
Тим ја забележа и втората победа на завршниот турнир во Лондон, па е на чекор до полуфиналето, а ова беше прв пораз за Надал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во првиот сет Тим спаси две сет топки и го доби тај-брејкот со 9-7. Во вториот Австриецот успеа да се врати од загубен сервис, веднаш направи ри-брејк, и повторно во тај-брејк го освои и вториот сет.
Ridiculous on the run ?@RafaelNadal #NittoATPFinals pic.twitter.com/eBxeFQUYKk
— Tennis TV (@TennisTV) November 17, 2020