Дома Останати Кошарка Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Вечерва во Радишани се случил инцидент во кој намерно бил запален теренот кој важи за еден од најдобрите во Македонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за терен кој ги исполнува сите ФИБА стандарди.

Видеото од инцидентот го објави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Вечерва е намерно запалена баскет подлогата на игралиштето во Населба Радишани. Станува збор за едно од најубавите баскет игралишта во државата. Терен покриен со сертифицирана подлога за баскет од ФИБА. Мала среќа што чуварот на училиштето и совесни граѓани случајно виделе како гори подлогата. Огнот е изгаснат, а штетата не е преголема за среќа. Друго ништо не би кометирал, немам зборови“, стои во објавата на Костовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ја парализираше НБА-лигата

Леброн Џејмс, кој наскоро ќе наполни 42 години и влегува во веројатно последната сезона од…